
Германија планира да испрари околу 5.000 војници и 105 тенкови „Леопард 2А8“ на југоисточната граница на Литванија со Белорусија.
Ваквото борбено распоредување се врши како дел од планот за зајакнување на своите вооружени сили во Балтикот, пишува новинарот Питер Сучиу за „The National Interest“.
Два борбени батаљони пристигнаа во Литванија минатиот месец како дел од очекуваното воено засилување кое би можело да доведе до стационирање на повеќе од 5.000 војници во најголемата балтичка земја до 2027 година“, се наведува во статијата.

Македонски



