
Очекувам деновиве Министерството за внатрешни работи да излезе со десетици тони, не со неколку тони, туку со десетици тони на ваков тип недозволени средства, односно недозволени материи, дрога, марихуана, во случајов, којашто во моментов се наоѓа во складиштата во Македонија или пак на некаков начин имало односи помеѓу одредени правни субјекти, не само во државата, туку и надвор од државата, за којшто е констатирано дека се незаконски и пуштени во промет, но и незаконски складирани, нагласи вчера премиерот Мицкоски во интервју за Македонската телевизија.
И сите оние креатори на тие политики треба да бидат одговорни за многу млади луѓе коишто, за жал, станале жртви на ваквиот начин на функционирање на одредени, политики од минатото.

Македонски



