
Бугарскиот историчар и копретседавач на Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Македонија, Ангел Димитров информира дека во рамките на Комисијата се осврнале и темата за заедничко чествување на раѓањето и смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Како што изјавил Димитров – да им предложиме на двете влади заеднички прослави секоја година.
-Таква идеја постои, но за да се постигне, мора да постои желба и согласност од двете страни. Всушност, такво нешто не постои меѓу нашите колеги. Веќе некое време се обидуваме и разменуваме различни текстови со цел да ја пронајдеме најсоодветната форма што би била прифатлива за двете влади, двете земји, двете општества во моментов. Очигледно, имаме сериозни разлики во начинот на кој прво ја гледаме историската личност, а потоа и нејзиното современо разбирање и место во идеите на двете општества.

Македонски



