
Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, стапи во брак со својата долгогодишна партнерка Билјана Стојановска.
По церемонијата во црква и пред матичар, двојката славеше со семејството, пријателите и бројни гости од ракометниот и јавниот живот. Кум на свадбата беше Гоце Ојлески, а меѓу гостите беа и Филип Кузмановски, Столе и Стефан Стоилови. За одличната атмосфера се погрижи и Тамара Тодевска.
Од Еурофарм Пелистер и спортската јавност пристигнаа бројни честитки за младенците.
Извор: 24Ракомет.мк

Македонски



