Skip to main content
WtWHJEPh8r8
ПРАШУВА МИЦКОСКИ

Зошто пари од продадена нива би се чувале во ѕид?

Не сакам да коментирам како премиер, ја почитувам пресумцијата на невиноста, но како како човек не ми е јасно зошто пари од продадена нива се нашле во ѕид, кога има многу поконвенционални начини за чување на пари, рече премиерот Христијан Мицкоски , коментирајќи го случајот со соѕиданите 350.000 евра во куќата на родителите кај осомничениот апелациски судија Ѓоко Ристов.

Јас не сакам да се претворам во судија, ниту да критикувам. Како човек, навистина ми беше сето тоа лошо за гледање, затоа што и да е вистината, дека е продадена нива легално и сето тоа поминало низ сите легални процедури, не разбирам зошто парите би се нашле заѕидани во ѕид. Зошто имате потреба да ги чувате во ѕид? Ако се тие чисти, има многу конвенционални начини да ги чувате, нема повод ни причина тоа така да го правите. Мислам дека им е малку плитко алибито, но оставам судските органи да го кажат своето – изјави Мицкоски.

Поврзани вести