Skip to main content
СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ ќе враќале закон што тие го укинаа

Лицемерието и играњето со чувството на народот од страна на СДСМ, ја помина одамна границата.Глумењето дека не беа до пред 1,5 година на власт, не им поминува. Сите штетни договори, тендери и закони се потпишани во нивни време. Па и оние кои ги укинаа.Таков е и КЗ односно членот 353 со кој си се амнестираа од криминалот, а со тоа си ги заштитија своите функционери кои се синоним за криминал и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сега лицемерието оди дотаму, да поднесуваат амандмани да го врателе законот каков што бил пред 2023 година. Па, господа од СДС, кој го избриша тој Закон? Токму вие!На граѓаните им е јасно кој води искрена, а кој лажна политика. Вакво лицемерие, ваква надменост и лоша визија одамна немало.

Новиот КЗ којшто ќе го донесе оваа година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во согласност со Канцеларијата на Европа и Венецијанската комисија. Ќе има одговорност за секој што ќе се огреши пред законот!

Поврзани вести