
Министерот за спорт, Борко Ристовски во гостување на Канал 5 телевизија изрази задоволство од постигнатите резултати на македонската репрезентација на ЕХФ Еуро 2026.
Со ваучерите се добиваше лист хартија и спортистите сами се снаоѓаа како ќе го реализираат. Ние направивме систем за никој да не е оштетен. Никој, па ни јас не може да влијаам. Тоа зависи од резултати. Критериумите се однапред утврдени. Сега има незадоволни затоа што претходно некоја комисија си ја договарала распределбата и затоа сега има обвинение за нив. Со новиот систем не може да има привилегирани, но мора да биде јасно дека не можеме да ги финансираме сите спортови. Некои само ќе ги помагаме. Олимписките спортови секогаш ќе бидат пред неолимписките“, објасни Ристовски.
Тој додаде дека лани биле исплатени 440 милиони денари, годинава првата транша ќе биде во февруари, во мај се планира да биде втората исплата и така да се држат клубовите во кондиција, но сè ќе зависи од Буџетот.
Ристовски се осврна и на спортската структура, состојбата на салите и базените во државата и нивната нефункционалност.
Почнавме со реновирање на неколку спортски сали, градиме три нови сали и базени, но се соочивме со многу проблеми. Во Карпош базенот е готов пред пет месеци но немаше дадено одобрение од општината за струја и вода. Во Охрид базенот е почнат пред 8-9 години. Најдовме таму многу наоди за криминал. Во секој случај базенот ќе се догради. Таму има огромен проблем со машинството. Одиме со нов проект за загревање и штом ќе биде готов ќе продолжиме со работа. Исто така ја продолжуваме и доградбата на салата на УКИМ во интерес на студентите“, изјави министерот.
Ристовски најави и правно решавање на прашањето со сопственоста на сите спортски објекти со кои стопанисуваат разни концесионери кои објектите ги добивале за минимални закупнини и без обврска за инвестирање и ставање во функција на спортот.

Македонски




