
Западни медиуми пишуваат дека Канада размислува за подготвување план за герилска војна со САД во случај на американска инвазија врз земјата.
Како што објави „Блумберг“, канадската војска почнала да разгледува план за непредвидени ситуации во случај на хипотетичка инвазија од САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја нарече Канада можна „51-ва држава“ на САД.

Како што објави „Глоуб енд Меил“, повикувајќи се на извори, канадската војска разгледува сценарио за „партизанска војна“ против американската армија – моделирана според тактиката на авганистанските муџахедини.
Планерите претпоставуваат дека американските сили би можеле брзо да ја совладаат Канада, па затоа одговорот би се фокусирал на асиметрично војување – вклучувајќи заседи, саботажи, напади со беспилотни летала и тактики на „удар и бегство“ од мали единици или вооружени цивили.

Според проценките на командата, во случај на конфликт, САД би можеле да почнат напад од југ и да ја преземат контролата врз клучните точки на копно и море за неколку дена. Официјална Отава признава дека Канада нема доволно војници или оружје за директен отпор, па затоа се потпираат на саботажи, заседи и употреба на беспилотни летала.
Стратегијата веројатно би вклучувала герилски отпор и повлекување кон „северните упоришта“ за да се зачуваат основните воени и владини функции во случај на напад од големи размери, иако ова е малку веројатно.
Извори тврдат дека алармантен сигнал би бил евентуалното повлекување на САД од договорот НОРАД. Потоа, теоретски, официјален Вашингтон би можел да издаде наредба за насилна окупација на Канада.

Македонски




