
Нов 48-часовен штрајк во 6 часот утрово започнаа такси- возачите во Атина организирани од нивниот синдикати, со што грчката метропола до четврток наутро ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина.
Таксистите и минатата седмица одржаа дводневен штрајк што дополнително беше продолжен за уште 24-часа.
Од синдикатот на такси-возачите во Атина соопштија дека и преку овој штрајк уште еднаш ги истакнуваат нивните барања што се однесуваат на законската обврска сите такси возила постепено да се заменат со електрични, на нелојалната конкуренција, на дозволата сите такси возила да се движат во специјалните коловозни ленти наменети за автобуси итн.
Штрајкот на таксистите ќе заврши в четврток во 6 часот наутро.

Македонски




