
Почина дивата на југословенската поп-музика, Сенка Велетанлиќ. Тажната вест ја објави на Фејсбук нејзиниот син, познатиот музичар Васил Хаџиманов.
Утрово, мајка ми Сенка Велетанлиќ нè напушти по тешка болест. Замина тивко, достоинствено, во сон, како дама, токму како што и требаше. Те сакам мамо. Ти благодарам мамо.
Родена е како Сенија на 27 мај 1936 година во Загреб, каде што дипломирала на Економскиот факултет. Имала три години кога почнала да пее на радио, а за време на студиите пеела во познати загрепски хорови, каде што ја научила тајната на пејачкиот занает и набрзо станала солистка. Патувала низ цела Европа, ги направила своите први снимки и настапувала самостојно како интерпретаторка на популарна музика на некогаш познатиот фестивал во Опатија. Верува дека сериозно почнала да пее дури кога дошла во Белград. Всушност, нејзината пејачка кариера започнала во 1960 година, како што велеше самата „како интерпретаторка на прекрасни песни“. Заедно со својот сопруг Зафир Хаџиманов сними многу успешни телевизиски емисии, мјузикли и шансони.
Сенка Велетанлиќ се занимавала и со глума. Една сезона играше во претставата „Американски приказни“, а со филмот „Три“ од Александар Петровиќ влезе во аналите на југословенската кинематографија. Интересно е што го сними својот прв ЛП по 23 години пеење. Сенка издаде и ЦД со наслов „Ова е мојата приказна“, кое содржи дел од шансоните со кои учествувала на фестивали и била наградена за повеќето од нив.
Сенка почина на 90 години.

Македонски





