
Португалската репрезентација беше изненадена попладнево, иако важеше за фаворит и водеше во неколку наврати и со пет разлика на крајот одигра нерешено. По дуелот португалскиот селектор истакна:
– Имавме водство од пет разлика, но не го зачувавме до крајот. Малку го загубивме и ритамот на играта. Но, тоа е животот. Сега ќе чекаме до последен момент, а ќе се бориме како и обично.
За следниот противник, репрезентацијата на Данска вели:
– Ќе биде тежок натпревар, па ќе се подготвиме и ќе се обидеме да постигнеме максимум голови, да извлечеме нешто од тој натпревар. Мислам дека разликата со нив не е голема. Ќе се бориме и да видиме што ќе се случи, изјави селекторот на Португалија Пауло Переира.
Последниот дуел од Б групата во вторник (20.јануари) ќе биде натпреварот меѓу Данска и Португалија, а почетокот е во 20:30 часот односно по дуелот меѓу македонските ракометари и Романија.

Македонски





