
Maкедонија очекувано загуби на стартот на Европското првенство. 36-24.Домаќинот Данска беше пресилен, иако може да се каже дека добро се држевме. Во првото полувреме Македонија беше речиси изедначен противник, иако често грешевме во завршинцата но и во одбраната. Пред 15.000 гледачи Данците имаа голема поддршка кои и онака се кандидати за златото .

Нашата репрезентација одигра колку што ни дозволи противникот кој преферира брза игра на која ние немаме одговор. Светла точка во нашата репрезентација беше голманот Томовски но и младата замена Галевски.

Следниот меч кој може да биде клучен го играме во вторник против Португалија.

Македонски

















