Skip to main content

Трамп: Тоа што дански брод дошол до Гренланд пред 500 години не значи дека тие ја поседуваат земјата

Facebook / Donald J. Trump

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД нема да бидат задоволни само со изнајмување на Гренланд. Трамп истакна дека за да се обезбеди навионалната безбедност, САД мора да го поседуваат островот.

Кога поседуваме територија, ја заштитуваме, а изнајмувањето не е заштитено. Вие треба да ја поседувате територијата“, изјави американскиот претседател.

Трамп додаде дека ставањето на Гренланд под американска контрола е неопходно, затоа што во спротивно регионот може лесно да биде контролиран од Русија или Кина.

Ја сакам Данска, тие беа многу љубезни кон мене, јас сум голем обожавател на Данска, но фактот дека нивен брод допловил таму пред 500 години не значи дека тие ја поседуваат земјата. Сигурен сум дека многу од нашите бродови пловеле и таму. Ако не го земеме ние, Русите или Кинезите ќе го сторат тоа“, изјави Трамп.

„Ројтерс“ претходно објави дека американските претставници размислуваат да им платат на жителите на Гренланд по помеѓу 10.000 и 100.000 долари за да ги убедат да се отцепат од Данска.

Поврзани вести