
Во рамките на иницијативата „Гласот на крајбрежјето“, реализирана од Здружението за култура и уметност „Арт манија“ Куманово и тим „Соларис“ Струга во Струга се одржа работилница за костимографија, наменета за ученици од 10 до 14 години.
Учениците, како што информираат организаторите, се запознале со основните принципи на костимографијата, материјалите и процесот на создавање костим за театарска претстава од користена и рециклирана облека.
– Преку работилницата децата детално се запознаваат со процесот на создавање на театарска претстава и истовремено ги едуцира за важни теми како што се заштита на животната средина и екологија. Учесниците започнаа да ги развиваат првите идеи за ликовите од претставата „Петар Пан – големата битка“, која ќе биде финален театарски производ на иницијативата, соопшти организаторот.
Според информацијата, учесниците работеле на детално оформување на костимите, развивање на креативни решенија и финално подготвување на визуелниот изглед на карактерите.
,,Гласот на крајбрежјето” е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

Македонски







