
Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија локалните медиуми.
Според информациите објавени од неговото семејство, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички повреди.
Семејството објави дека Елтон Тозај моментално е во сериозна здравствена состојба и е на интензивна медицинска нега.
Ситуацијата е деликатна, бидејќи новинарот се бори да не го изгуби видот, што го прави овој настан уште поалармантен“, наведуваат медиумите.
Од полицијата засега нема информација околу настанот.

Македонски






