
Во МКЦ, на истото место каде во 1984 година ја почнаа својата музичка приказна, денеска поранешни и сегашни членови на култната група „Меморија“ одржаа прес-конференција и свечено отворање на изложба на фотографии (1983–2025). Во една снежна декемвриска ноќ пред повеќе од 40 години, групата го имаше својот прв концертен настап токму во познатата Денсинг сала на тогашниот Дом на млади ‘25 Мај‘. Во тоа име, на 25 декември на истото место, музичката историја на „Меморија“ ќе се повтори.
На денешната прес конференција членовите на групата споделија детали за изложбата и за концертот што ќе се одржи на 25 декември во МКЦ. Не го заборавија и Драган Б. Костиќ, кому на денешната конференција му беше оддадена должна почит за долгогодишната соработка, подрршка и пријателство со членовите на бендот.

В четврток пбликата на сцената ќе ги види во улога на вокали Апостол Икономов – Поце, Александар Стефановски – Јаблан, Ристо Самарџиев и Драган Василевски. Петар Георгиевски – Камиказа ( бас гитара) и гитаристи: Петар Димовски, Димитар Божиков, Рубин Димкоски, Ицо Јовковски, Душко Трпковски – Ринго. Тапанари ќе бидат Антонио Димитриевски и Мите Димовски. Клавијатуристи: Нино Бошњаковски, Давор Јордановски, Дејан Миновски и Алекандар Хаџипаунов, а на концертот в четврток ќе ги изведат за прв пат „Моја ли си”, „Жорж”, „Утрата”…
Изложбата претставува визуелно патување низ повеќе од четири децении музичка историја. Таа опфаќа фотографии од сите членови на бендот, моменти од концерти, настапи, проби и незаборавни сцени од нивниот творечки пат од далечната 1983 година, па до денес. Секоја фотографија носи своја приказна, емоција и сведоштво за времето во кое настанала, за публиката, сцената и духот што го обележуваше и сè уште го обележува бендот. Изложбата е посвета на музиката, пријателството, истрајноста и љубовта кон сцената, но и благодарност до сите генерации публика кои беа и се дел од ова патување

Фотографии од различни периоди, членови на бендот, концерти, проби и сцени од зад кулисите ја раскажаа приказната за растот, истрајноста и љубовта кон музиката.

Македонски






