Skip to main content

За еден месец солунското метро го користеле над милион патници

Повеќе од милион патници го користеле метрото во Солун во првиот месец откако беше пуштено во употреба, според заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија, Костас Јулекас.

Јулекас информираше дека откако почна метрото да функционира на 30 ноември, за 30 отсто се зголемила посетеноста на продавниците во Солун, додека пак во градот сообраќаат 15.000 возила помалку.

Метрото му дава нов живот на градот, намалувајќи ја употребата на возила и зајакнувајќи го пазарот. Заедно градиме поодржлив и пофункционален Солун, истакна Јулекас.

На состанокот што бил одржан денеска со Координативен совет разговарале и за создавање паркинг места во близина на метро станиците, како и за намалување на проблемите создадени во сообраќајот поради изградбата на обиколницата fly over.

Поврзани вести