Skip to main content

Филипче за Шилегов: Слабак, со приватни проблеми, задолжен и уценуван

СДСМ

Председателот на СДСМ Венко Филипче со фејсбук статус му одговори на вчерашниот повик на екс градоначалникот на Скопје од редовите на СДСМ Петре Шилегов да си поднесе оставка нарекувајќи го тезгарош.

Во одговорот Филипче пишува дека зад повикот на Шилегов стои власта соочена со разобличување од опозицијата на операцијата на власта за мигранти од Велика Британија за пари.

Тие пронајдоа еден од нас, послаб. За да го натераат одвнатре, од самата партија, да внесе немир во нашите редови. Ги искористија неговите приватни проблеми, задолженоста кон одредени лица, а очигледно и уцени. Ние го разбираме и нема да се пресметуваме со него. На сите ни е јасно во каква ситуација се наоѓа. Нема да му одмогнеме, можеме само да му помогнеме, напишал Филипче во одговорот на фејсбук.

Поврзани вести