
Новогодишен базар ќе се одржи во Музејот на македонската борба во Скопје на 18 декември, четверток од 11,30 до 15,30 часот, објавија на социјалните мрежи.
Учесници на базарот се нашите драги соработници – Креативната работилница при Здружението Мобилност – Скопје, Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ и ООУ „Лазо Трповски“, кои ќе ги понудат нивните уникатни ракотворби во пресрет на новогодишните и божикните празници, велат од Музејот.
Како што додаваат од Музејот на македонската борба, првпат организираат ваков новогодишен базар на креативни работилници.
Рачно изработени предмети, но сакавме да биде во месец декември, зашто на 3 декември беше денот на лицата со инвалидитет. Со здружението „Мобилност” и училиштето „Димитар Влахов” имаме и меморандум за соработка но и многу често ни се соработници за реализација на проекти за пристапност во музејот, велат оттаму.

Македонски






