
Пратеникот на претседателот на САД, Доналд Трамп, Џон Коул, изјави дека белорускиот лидер Александар Лукашенко му ветил оти ќе го запре прелетувањето на метеоролошки балони од неговата земја кон Литванија.
Тој неодамна се согласи да направи сè што е во негова моќ за да ги запре балоните“, изјави Коул во Вилнус, по дводневните разговори со Лукашенко.
Балоните, кои ги користат шверцери на цигари, предизвикаа неколкукратно затворање на аеродромот во Вилнус во изминатите месеци. Литванија ја обвинува Белорусија дека спроведува „хибриден напад“ со олеснување на прелетувањето на балоните.
Коул исто така истакна дека речиси илјада политички затвореници кои остануваат зад решетки во Белорусија би можеле да бидат ослободени, веројатно одеднаш, во наредните месеци.
Сметам дека е повеќе од можно да го направиме тоа, сметам дека е целосно реалистично […] Тргнавме по вистинскиот пат и имаме замав“, рече Коул, откако претходно денеска Белорусија ослободи 123 затвореници.

Македонски






