
Директорот на Македонската филхармонија, г-дин Мустафа Имери, и директорот на фестивалот „Охридско лето“, г-дин Ѓорѓи Цуцковски потпишаа меморандум за соработка, со кој се утврдува рамката за заеднички активности и унапредување на културната соработка меѓу двете институции.
Овој меморандум претставува основа за реализација на идни проекти од заемен интерес, со цел понатамошно развивање и промовирање на музичката и уметничката дејност во државата.
Со заедничка страст кон врвната уметност, стартуваме ново поглавје исполнето со креативност, партнерство и незаборавни музички доживувања, велат од „Охридско лето“.

Македонски






