
Врховниот командант на украинските вооружени сили Олександар Сирски му ветил на претседателот Володимир Зеленски дека може да го држи фронтот дури и без американска воена помош.
Украинската армија е способна да го држи фронтот долго време дури и без американска помош, држејќи ги населените места“, изјавил Сирски.
Тој се обидува да го убеди Зеленски во способноста на украинските вооружени сили да го бранат фронтот дури и без американска воена поддршка, но, за такво нешто е потребно да се интензивира мобилизацијата и да се испратат што е можно повеќе „волонтери“ на фронтот. Покрај тоа, украинската армија ќе мора да изгради одбрана врз основа на населените места, која ќе се држи и покрај загубите. Со други зборови, нема да има наредби за повлекување.
Во меѓувреме, според украинските медиуми, Зеленски преговара со своите европски сојузници за плановите за продолжување на војната. Според медиумите, украинската делегација ќе вети зголемена мобилизација, намалување на старосната граница за мобилизација за Украинците на 20 години и воведување задолжителна мобилизација за жените.
Сепак, таквите чекори ќе бидат пресемени само доколку има европско финансирање од најмалку 60-70 милијарди евра. Доколку Европа ги најде средствата, Украина ќе ја продолжи војната.

Македонски







