
Вчера утрото пронајден е 44-годишен маж починат во скопската населба Ченто.
„На 06.12.2025 во 07 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Ченто е пријавено дека околу 06 часот пред Поликлиниката бил пронајден починат Е.Е.(44) од Скопје“, информира МВР.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Македонски







