
На третиот ден 24. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ што се одржува во Скопје во програтата кратки филмови ќе бидат прикажани четири филма: „Антипод“ во режија на Бојан Секуловски – 19 часот, сала 25 Мај, „Ел Дорадо“ – режија: Матија Јовановиќ – 20 часот, Кино Фросина, „Нурнување во рапсодија“ – режија: Елдан Аломеровиќ – 21 часот, Кинотека и „Мојот Њујорк“ – режија: Алрик Браун – 22 часот, Кино Фросина.
Во 20:25 часот во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се прикаже македонската ко-продукција „Фантази“ во режија на Кукла – 20:25.
Во 21 часот во Кинотека е „Кога ѕвони телефонот“ во режија на Ива Рдивојевиќ.
Во Гала програмата е „Амрум“ на Фатих Акин во кино „Фросина“ во 22,20 часот.
Зимски Македокс: „Ниедна друга земја“ – режија: Јувал Абрахам 19.30 сала, 25 Мај
Богат муцички репертоар за петочката вечер на 24. CINEDAYS Фестивал на европски филм
Во Клуб ресторанот МКЦ од 20:30 часот наспатуваат регионално препознаени бендови:
Лу (алтернативно рок /пост панк трио од Шабац), Short Reports (енергично рок дуо од Нови Сад), Свире – босанскохерцеговачки музичар Дин Алин и белградскиот состав инди-рок состав Митско биче.

Македонски







