„ДУИ се урива како кула од карти. Оние кои 20 години ја упропастија државата со корупција и криминал, денеска се соочуваат со правдата, велат од владејачката коалиција „Вреди“.
Оттаму велат дека осомничените за криминал во Државната лотарија, Артан Груби и Прпарим Бајрами, се во бегство, додека на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој се гони за девет различни случаи, му е одземен пасошот.
Од „Вреди“ додаваат дека „ДУИ сега е синоним за измама, кражба и предавство на албанскиот народ“.
„Рамиз Мерко нон грата, познат кај неговата клика како кралот на Струга, денес се соочува со своите злодела. Обвинителството, судовите и МВР кои некогаш го штитеа, денес не можат да го спасат“, се додава во соопштението.