
Резолуцијата усвоена од Федералната унија на европските националности а поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, доставена е до сите албански и меѓународни институции, а заради запознавање и до македонските.
Ова за македонскоти весник “Илинден” го потврди Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото, додавајќи дека очекува албанските институции да преземат соодветни активности а посебно внимание да посветат и меѓународните институции.
Со Резолуција, од име на Македонско друштвото “Илинден“ -Тирана и македонско национално малцинство во Република Албанија, ФУЕН ја повикува Република Албанија, Комитетот за малцинства, кој е владин орган, да се трансформира во министерство за национални малцинства. Исто така ја повикува албанската влада да ја ратификува европската карта за регионалните малцински јазици, изјави, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.
Резолуцијата едногласно беше усвоена на Генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на 69 – конгрес во Болзано, Јужен Тирол, Италија, на кој учествува претставници од 105 организации-членки од 36 земји во Европа.

Македонски






