Skip to main content

Светско стенд-ап шоу на Џим Џефрис во Скопје

На 5 декември, Скопје ќе биде домаќин на исклучителен комичен спектакл, кога светски познатиот стендап-комичар Џим Џефрис ќе се појави пред македонската публика со своето најново шоу „Son of a Carpenter“. Настанот ќе се одржи во големата сала на спортскиот центар „Јане Сандански“, каде што Џефрис ќе настапи со комплетно нов материјал, подготвен за неговата актуелна европска турнеја што веќе бележи распродадени сали низ целиот континент.

Џим Џефрис, чија кариера веќе повеќе од дваесет години го позиционира меѓу највлијателните имиња во светската стендап-сцена, е познат по својата острина, брилијантен комичен ритам и способност да допре до публика во различни културни средини. Неговите настапи редовно ги полнат најзначајните светски простори како Madison Square Garden, Carnegie Hall и O2 Arena во Лондон. Во 2019 година беше прогласен за стендап-комичар на годината на престижниот фестивал „Just for Laughs“ во Монтреал.

Само неколку недели откако го објави својот најнов Нетфликс-специјал, Џефрис започна турнеја што привлекува огромно внимание кај публиката и медиумите во Европа. Скопје се најде на оваа ексклузивна мапа и ќе има ретка можност да го види во неговата најсилна форма, во шоу изведено целосно на англиски јазик и наменето за публика која бара врвен хумор и современа стендап-естетика.
Овој настан претставува еден од најзначајните стендап-настани во нашата земја во последните години и носи интензивна атмосфера на очекување и возбуда. Со приближувањето на датумот, интересот расте од ден во ден, а Скопје покажува дека полека станува место за светски настани кои го позиционираат како град во кој и во иднина ќе гостуваат светски имиња од полето на стенд-ап комедијата.

Доколку постои настан што не смее да се пропушти оваа година, тогаш тоа е токму ова стендап шоу – ретка можност да се почувствува живиот, современ и бескомпромисно искрен хумор на еден од најмоќните комичари на денешницата, велат од продукцијата .Друга страна.

Билетите за врвното шоу на Џим Џефрис се во продажба на тикет сервисот drugastrana.mk.

Поврзани вести