Skip to main content

Mицкоски со обраќање на конференцијата „Хибридни и информациски закани“

 Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе има воведно обраќање на конференцијата „Хибридни и информациски закани: Од препознавање кон национален системски одговор“, што ја организира Институтот за комуникациски студии (ИКС).

На конференцијата, како што информираат од  ИКС, ќе се обрати и амбасадорот на Обединето Кралство во земјава Метју Лосон, директорката на Институт за комуникациски студии Жанета Трајкоска, а на панел-дискусијата ќе говорат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и професори и експерти во областа од државата и од Европа.

На настанот ќе биде промовиран документот за јавни политики што го подготви ИКС со наслов „Институционален одговор на странското мешање и манипулирање со информации во Македонија: модели и опции за политика

Поврзани вести