
Почитуван заменик-министер, целата јавност внимателно ги следите најавените измени на Кривичниот законик, со кои делото телесна повреда кога е извршено во контекст на семејно насилство ќе се гони по службена должност. Ова законска реформа е силно поддржана од стручната јавност, граѓанскиот сектор и политичките субјекти, а и сите статистики укажуваат на околноста од итно институционално дејствување, рече Лидија Петкоска пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната 71 седница во Собранието.
Петкоска постави прашање до заменик министерот за правда во врска со измените на Кривичниот законик, дали делото телесна повреда при семејно насилство ќе се гони по службена должност.
Од Министерството за правда веќе беше соопштено дека измените се подготвени и дека треба да се официјализираат после локалните избори како дел од пошироката реформа на Кривичниот законик, во таа насока што конкретно да очекуваме од измените и до која фаза е процесот за конечно да се пристапи кон брза и ефикасна заштита на жртвите?, праша Петкоска.

Македонски








