
Во хуманитарна акција која ја иницираше и спроведе велешкото Здружение „Велешки акцијаши“ во изминатите денови преку солидарни касички и со донации и хуманитарн концерт кој се одржа во вторникот вечерта до денеска се собрани 200 илјади денари за помош и обнова на опожарениот дом на семејството Јовевски под Којник, а на кои во попладневните часови на 27 октомври во голем пожар нивната куќа беше скоро целосно пеплосана. Семејството остана без покрив над глава и моментално привремено е сместено кај роднини и пријатели.
Делчо Костов, претседател на Здружението „Велешки акцијаши“ во изјава за МИА јавно се заблагодари на сите велешани кои се вклучија во акцијата за хуманост која се уште трае за помагање на семејството на нивниот млад член гимназијалецот Гоце.
Тој информира дека со донации и со хуманитарни касички се вклучиле основните и средни учлишта од градот, учениците и професорите, а се вклучиле и детските градинки „Димче Мирчев“, Здружението на пензионери, како и некои општествено одговорни компании кои ја поддржале хуманитарната акција како „Пододекор“ „Ветекс“ „Маркард“, а помош ветиле и други фирми и институции и градежни фирми, рече Костов.
Тој нагласи дека граѓаните и фирмите кои сакаат да ја искажат својата хуманост за помош на оваа настрадано семејство, можат да уплатат и парични средства на жиро-сметката: 210501648880642 – Пандорка Јовевска, Тутунска банка.
Костов воедно им се заблагодари на сите естрадни ѕвезди кои в вторникот вечерта во салата на ООУ„Блаже Конески“ во Велес бесплатно учествуваа на хуманитарниот концерт и самите оставија пари во хуманитарната касичка на самиот концерт. На хуманитарниот концерт настапија велешките и македонски естрадни ѕвезди Мики Секуловски, Анета Арсова, Круме Спасовски, Никола Сташиниќ, Баже Натoв, Злате Антевски, Кате Брезова, Вики Среброва, бендот „Парабола“ од Гимназија „Кочо Рацин“, гајдаџијата Ратко од Скопје, како и играорците од Фолклорниот ансамбл „Керамичар“ и КУД „Коле Неделковски“.
Воедно, информира дека е во преговори и договори со градежни фирми од Велес и велешко за поддршка на семејството при целосна реконструкција на опожарената куќа.
Нашиот Гоце учествувал на бројни еколошки акции и хуманитарни и еколошки активности за пошумување во Велес и неговата околина.Воедно учествуваше и на две Меѓународни акции во соседна Србија и два патти беше прогласен за ударни. Затоа, сега е наш ред да му помогнеме нему и на неговото семејство со што ќе им овозможиме повторно сигурен и топол дом, потенцира Костов.

Македонски








