Skip to main content

Студентски ваучери за технологија завршија на огласи – државна помош се претвора во нелегален пазар

Freepik

Додека Владата објави дека се доделени 33.682 студентски ваучери од по 15.300 денари, наменети за намалување на дигиталната нееднаквост и набавка на лаптоп, таблет или компјутер, дел од студентите ја злоупотребуваат мерката на најнизок можен начин – ги продаваат ваучерите на социјалните мрежи.

На огласите може да се види дека ваучер вреден 15.300 денари се нуди за 11.500 денари, како обичен производ за препродажба. Ова не само што е спротивно на целта на мерката, туку и директно ја понижува можноста која државата им ја дава на студентите за да се модернизираат и дигитално напредуваат.

Според портпаролката на Владата, Марија Митева, мерката е внимателно планирана, со јасни критериуми и висока транспарентност – а 11.500 студенти веќе го подигнале својот уред, користејќи го ваучерот за она за што е наменет.

Токму затоа продажбата на ваучерите е неодговорно, нечесно и крајно штетно однесување. Наместо да инвестираат во сопственото образование, поединци ја претвораат државната поддршка во алатка за брза заработка, оставајќи впечаток дека дел од студентите ја девалвираат мерката што треба да им помогне.

Владата најави дека ќе ја следи реализацијата кај трговците и дека ќе се подготват нови политики, додека јавноста очекува и конкретни санкции за оние што ја злоупотребуваат оваа можност.

Поврзани вести