Skip to main content

Предлог ручек за во среда: Полнети пиперки

Полнети печурки, не може да бидат побрзо и поедноставно… Одлично предјадење или како убав прилог со секое јадење.

Состојки:

  • 10 големи печурки
  • 220 грама моцарела сирење
  • 1/2 кромид
  • 1 лажица маслиново масло
  • сецкан магдонос
  • 1 лажичка црвена пиперка
  • 1 лажичка сув зеленчук     

Подготовка:

Отстранете ги стеблата од печурките и ситно исецкајте ги. Ситно исецкајте ја половината од кромидот и пржете ги заедно во маслиново масло со сецканите стебла од печурки додека не испари целата течност. Исечете парче моцарела на половина и ситно исечкајте ја едната половина, додека другата половина исечете ја на парчиња. Измешајте ги исецканата моцарела, печурките, кромидот и магдоносот, пиперката и сувиот зеленчук и наполнете ги печурките. Наредете ги парчињата моцарела врз полнетите печурки и печете на 200 степени додека сирењето не порумени.

Добар апетит!!!

Поврзани вести