Skip to main content

До сабота дожд, на планините снег и пад на температурите

Под влијание на циклонска активност од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.

Од УХМР најавуваат дека пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа).

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.

Стабилизирање на времето се очекува од недела.

Поврзани вести