
Утрово околу 08:50 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го привеле 38-годишниот Д.Р. од Делчево, откако при редовна сообраќајна контрола бил затекнат да управува возило под дејство на алкохол.
Возилото „поло“ со делчевски регистарски таблички било сопрено на булевар „Македонија“, а по извршената проверка биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта кај возачот.
Д.Р. е веднаш исклучен од сообраќај, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонски








