Skip to main content

Хорор во Охрид: Тинејџер силувал 12-годишно девојче, негов другар снимал, трето момче уценувало

Полицијата јавува за вознемирувачки случај на сексуално насилство и уцена во Охрид – 16-годишен тинејџер силувал 12-годишно девојче од градот додека негов другар го снимал ужасниот чин. Потоа, до снимката дошло трето, 14-годишно момче, кое го уценувало девојчето да биде во врска со него, а во спротивно ќе ја објави снимката.

„На 24.11.2025 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12-годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот. До видеоматеријалот потоа дошол 14-годишник од Охрид, кој го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник“, пишува во полициското соопштение.

На девојчето му е извршен медицински преглед, а со него разговарале полицајци и социјални работници, во присуство на родител, велат од МВР. Во консултација со јавен обвинител, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат оттаму.