
Висок триумф забележа Алкалоид вечерва над Тиквеш во рамки на ракометната Суперлигата (33:24).
Мечот го одбележа враќањето на теренот на Никола Костески по повеќемесечната пауза поради повреда на тетивата.
Најдобар стрелец во домашниот тим беше Ненад Костески со шест гола.
На другите натпревари од 13. коло одиграни вечерва:
Бутел – Радовиш 36:20
Тинекс Пролет – Еурофарм Пелистер 25:31.
На табелата води Вардар со максимални 13 победи (26 бода), Пелистер има 23, Охрид 21, Алкалоид 20.

Македонски








