
Од 17 до 23 ноември е европска недела на Операции на Камиони и автобуси на сообраќајните полиции ширум Европа.
Како членка на асоцијацијата на европски сообраќајни полиции Roadpol, македонската сообраќајна полиција врши интензивни проверки на тешките товарни возила и автобуси со цел обезбедување побезбедни патишта за сите.
Од МВР информираат дека фокусот на акцијата и проверките е на: техничката состојба на возилата, консумирањето на алкохол и наркотици, проверка на документацијата и дозволите.
-Тешките возила имаат голема улога во секојдневниот живот – но кога безбедносните правила се игрорираат, последиците можат да бидат катастрофални. Целта на проверките не е казнување, туку превенција. Секоја проверка е чекор напред кон поголема безбедност на возачите, патниците и сите корисници на патиштата, информира МВР.

Македонски








