Skip to main content

Сијарто: Укинувањето на санкциите и враќањето на Русија во глобалната економија се поважни за ЕУ отколку за Москва

facebook / Szijjártó Péter

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјав дека укинувањето на санкциите и враќањето на Русија во глобалната економија се поважни за Европската Унија отколку за Русија.

Сијарто додаде дека мировниот план на САД „не води кон поделба на светот на блокови, туку кон обновување на односите“. Тој истакна дека документот предвидува „укинување на санкциите и реинтеграција на Русија во глобалната економија“.

Ова не е важно само за Русите, туку за нас, бидејќи раскинувањето со Русија ја доведе Европа до невидени пречки и тешкотии. Мирот е во интерес на безбедноста и економијата на Унгарија“, истакна Сијарто,

Тој потсетуи дека неговата земја „веќе изгубила многу во три и пол години војна, со којашто нема никаква врска“.

Ставот на Сијарто изразува несогласувања со европските „јастреби“ од Европската комисија, кои ветија дека ќе продолжат со притисокот од санкциите врз Русија без оглед на американскиот мировен план.

Поврзани вести