Skip to main content

Две малолетнички паднале од електричен тротинет и тешко се повредиле

Две малолетнички се тешко повредени откако паднале додека се возеле на електричен тротинет. Како што информира МВР, незгодата се случила на улицата „Сава Михајлов“ во Скопје, а е пријавена вчера попладне, во 17 часот.

Според пријавата, со електричниот тротинет управувала 15-годишна малолетничка од село Инџиково, но изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле и таа и нејзината 14-годишна сопатничка.

Повредите се констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

На местото на несреќата е извршен увид од екипа на СВР Скопје.

Поврзани вести