Skip to main content

Со премиера на „Сонцето, колку е блиску сонцето Made in MNT“ на 29 декември се заокружува прославата 80 години Македонски народен театар

На 29 декември, на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) со премиера на претставата „Сонцето, колку е блиску сонцето Made in MNT“ во режија на Дејан Пројковски, ќе се заокружи прославата 80 години МНТ, вели Никола Кимовски, директор на Нациналниот театар.

Претставата на Пројковски премиерно требаше да биде изведена на 3 април, кога е роденденот на МНТ, но поради трагедијата во Кочани на 16 март кога во дискотеката „Пулс“ во пожарот загинаа 63 лица, а беа повредени околу 200, беше презакажана за 13 ноември. Но, место претставата „Сонцето, колку е блиску сонцето Made in MNT“, премиерно беше прикажана „Варвари“ на Максим Горки, а во режија на Владимир Милчин, чија премиерата првично беше закажана за 23 април.

Првичниот план за програмата за 2025 за жал, претрпе промени. Мојата идеја беше јубилејот предвиден на 3 април да се одбележи со претставата „Варвари“. Видовме со каков интензитет одат пробите, дека треба повеќе време, и се одлучив на варијнатата, Дејан Пројковски, како наш вработен режисер . да го одбележиме јубилејот. За голема жал на нашиот народ, се случи трагедијата во Кочани и затоа го пролонгиравме одбележувањето на јубилејот за крајот на годинава ќе биде заокружување, изјави Кимовски.

Кимовски на почетокот на годинава најави враќање на сцената на неколку претстави („Бесачи“, „Ничија земја“ и „Сите сме птици“ кои не се играа подолг временски период), и премиери и на „Три сестри“ според драмата на А. П. Чехов, а по текст на Ана Ристоска-Трпеноска, режија на Нела Витошевиќ и детската претстава „Земја на заборавените сказни“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.

Со Уметничкиот совет на Театарот дискутиравме за тоа сите премиери да не се најавуваат дека се во склоп на 80 години Македонски народен театар, а за преставите на Јанаќијевиќ и Витошевиќ, нема што да се лажеме тука, едноставно, овој проект ни покажа дека немаме време тоа да го направиме. За другите претстави, главниот фокус за мене како директор беше да се посветиме надвор од регионот и тоа според мене го направивме мошне успешно. За тоа се заслужни сите актери и во склоп на целата програма и во склоп на гостувањата, освоивме и Стериина награда, Врање, имавме вупно шест награди од моето назначување. Претставите на Јанаќијевиќ и Витошевиќ ќе ги реализираме следната година каде ќе бидеме повеќе фокусирани на решавање на работите дома, малку олабаување во однос на реперотарската политика и гостувања, се разбира дека ќе има. Но во однос на претставите, ќе правиме две големи претстави, на голема сцена и две мали, репрезнтативни, вели Кимовски.

Директорот на МНТ вели дека неговата мисија е да го спои целиот театар и уметнички и технички ансамбл и да бидат на високо ниво.

Реализиравме 11 претсави кои покажаа дека можеме да ги релаизираме, но не по секоја цена, и во однос на некои копродукции се постави прашањето зошто ги правиме. Наредната година сум многу претпазлив во однос на решавање на внатрешните проблеми во однос на систематазиација, на објектот. Се работи на балконот каде имавме протекување во фоајето. Тоа се прави со парите од продажбата, крената е на 18 отстсо и средства од публиката и ги користиме за репарирање а тетараот, вели Кимовски.

Тој најави дека ќе се репарираат седиштата во гледалиштето но тоа ќе се направи така што нема да има застој во репертоарот на МНТ.

За делегираниот буџет, Кимовски вели дека се работи за еден пробен систем за кој повеќето институции не им е до крај јасен.

МНТ е водечка институција која е со најголем приход, и доколку ние имаме делегиран буџет трба да ни бидат доделени сите тие средства самите да располагаме со нив. Така што има малку нејаностии во тоа. Ја поздравувам идејата на министерот, мислам дека треба некој период во однос на менаџирањето, да сфатат и Министерството и културните институции како треба тоа да се реализира . На пример во конкретниов случај ние тие средства или може да ги пренамениме во материјални, да ги искористиме за потребите на театарот, а во однос на наредната година не можеме. Исто така, парите од граѓаните од продажбата на билети одат на буџетската сметка и потоа нам ни треба дозвола истите да ги користиме. Тука се поставува прашањето за тоа како некои институции не прават ништо, а МНТ кој навистина има приходи, и после треба да ги дели тие пари. На пример, претставата „12„ е направена за 700 илјади денари, досега не знам колку пати сме ги извадиле парите, оти полн салон носи 4 илјади евра“, вели Кимовски.

Поврзани вести