Skip to main content

 Дурмиши: Повисоки плати и повеќе работни места преку новите мерки за инвестиции

Со усвојувањето на измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите во август годинава и со дополнителните измени што ќе се финализираат до крајот на годината, се создава стабилна, јасна и транспарентна рамка која ќе овозможи поквалитетни инвестиции, отворање на нови работни места и зголемување на продуктивноста во економијата.

Овие законски измени ќе придонесат кон забрзан економски раст и повисок животен стандард за граѓаните, што значи повисоки плати и пониска инфлација.

Нашата цел е преку новите мерки да поттикнеме инвестиции со поголема додадена вредност – инвестиции кои ќе ја развиваат производствената индустрија, ќе воведат нови технологии и иновации и ќе создаваат одржливи работни места“, велат од Министерството за економија и труд.

Законот прецизно ги дефинира субјектите кои можат да користат финансиска поддршка – тоа се компании кои реализираат почетна инвестиција од најмалку 100.000 евра, во рамки на преработувачката индустрија.

Поврзани вести