Skip to main content

Пакистански разузнавачи се обиделе да украдат тајни нацрти за системите С-400 од Русија

agrikarip-from-pixabay

Руски државјанин бил приведен во Санкт Петербург, поради обид за шверцување тајни документи поврзани со руски воени хеликоптери и системи за воздушна одбрана.

Руските власти откриле шпионска мрежа предводена од пакистанската меѓуслужбена разузнавачка служба (ISI), која се обидела да изнесе напредни технологии за воздушна одбрана надвор од Русија, се наведува во медиумските извештаи.

Операцијата е продолжение на претходните обиди на ISI за тајно пристапување до руски воени технологии, вклучувајќи ги и системите С-400 што активно ги користат индиските воздухопловни сили.

Според медиумите, ISI има блиски врски со ЦИА, поради што се поставува прашањето дали во оваа оперција работела самостојно во борбата против Индија или биле искористени како основа за веродостојно негирање од американските разузнавачки мрежи.

Поврзани вести