
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз Мастерсот во Торино го почна со победа. Тој во првиот меч од групата го совлада Алекс де Минаур со 2:0 во сетови (7:6(5) и 6:2).
Двата сета беа сосема различни. Во првиот Алкараз поведе со 4:1 во гемови, а испушти и три брејк топки за 5:1. Но, тогаш неговиот ривал „влезе“ во мечот и успеа сетот да го однесе во тајбрејк. Австралискиот тенисер поведе во тај-брејкот со 5:3 на поени и беше на чекор од изненадување, но Алкараз направи серија 4-0 и го доби сетот. На стартот од вториот сет имаше три брејка и Алкараз брзо стигна до водство од 5:1 и сетот го заврши со 6:2.

Македонски







