
Од синоќа почна големата акција за чистење на Скопје, организирана од новоименуваниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Стартот на акцијата беше означен кај хотелот „Александар Палас“, а во неа беа вклучени екипи на јавните претпријатија, волонтери и пожарникари, со цел конечно да се отстрани сметот што со месеци се таложеше низ градот поради нефункционирањето на ЈП „Комунална хигиена“.
Акцијата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи – дел од граѓаните ја поздравија како позитивен почеток и чекор напред за Скопје, а други упатија критики и саркастични коментари.
На темата реагираше и познатиот новинар и инфлуенсер Богдан Илиевски – „Бетмен Велит“, кој во својата објава на Фејсбук ги коментираше поделбите меѓу граѓаните:
За некои луѓе да е нечисто – не чини. Да чистиш – пак не чини,“ напиша Илиевски, повикувајќи се на реакциите по стартот на акцијата.
Тој потсети дека градот со месеци се гушеше во отпад, без возила и без нафта, а дека сега кога конечно се започнува со расчистување, повторно има забелешки:
Нели немаше возила, нели немаше луѓе, нели немаше ова, немаше она… И оп – имало сè, ама абер се немало. И сега почна генералката. Сега е проблем што се чистело со шмркови, што дури и пожарникарите го переле плоштадот, што се вклучиле овие, што се вклучиле оние“.
Илиевски им одговори и на критичарите кои со потсмев коментираа дека по чистењето „ќе се оди по чорапи низ градот“.
Смешни сте, ама не на начин на кој вие мислите дека сте смешни. Ѓубрето нема повеќе да биде тема, ама ќе си најдете друг извор да јадете што ви е по ќеиф. И тоа така ќе биде. Кучињата се за да лаат, карванот да врви“, порача Илиевски.
Својата објава тој ја заврши со поучна приказна, со порака дека како и да се постапи, секогаш ќе има луѓе кои ќе најдат причина за незадоволство.

Македонски







