Skip to main content
-h8PM-0R91c

Цеца си обезбеди место во бугарската историја

Калојан Методиев, политолог и поранешен пратеник во Народното собрание на Бугарија, смета дека Светлана Ражнатовиќ си обезбедила место во бугарската историја со нагрнувањето со бугарското знаме на концертот во Велес, прекинат поради жестоката реакција на публиката.

„Во Македонија постои жестока омраза кон сè што е бугарско. Патолошка. Необјаснива и злобна. Го прекинаа концертот на српската фолк ѕвезда Цеца Величковиќ и брутално ја исвиркаа затоа што се завитка во бугарското знаме. Една забелешка: со ова си заработи место во бугарската историја.

Соседи сме со Турците, се сложуваме со Грците, се движиме заедно со Романците во Европската унија, блиски сме со Србите на човечко ниво. Односите со Македонија се катастрофа.