
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и суво со појава на утринска магла по одделни котлини, соопшти УХМР.
Во понеделник попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.
Ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Од среда повторно се очекува стабилно и суво време.

Македонски







