Skip to main content
Српскиот министер за евроинтеграции

Усогласеноста на Србија со надворешната и безбедносна политика на ЕУ е 63 проценти

Српскиот министер за европски интеграции, Немања Старовиќ, изјави дека во однос на усогласувањето со надворешната политика на Европската Унија, Србија е подготвена за понатамошно усогласување со визната политика, но дека не вовела санкции кон Русија бидејќи смета оти санкциите не се ефикасна мерка.

Тој нагласи дека го поддржуваат територијалниот интегритет на Украина.

На состанокот на Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација на ЕУ – Србија, Старовиќ изјави дека во моментов усогласеноста на Србија со надворешната и безбедносна политика на ЕУ е 63 проценти, што е за 12 проценти повеќе од лани.

Тој рече дека Србија очекува извештајот за напредокот на европскиот пат да биде добар водич за тоа што мора да направи Србија, но дека е свесен дека напредокот ќе зависи од исполнувањето на делот поврзан со владеењето на правото и нормализацијата на односите со Приштина.

Поврзани вести