Skip to main content

Како да ја вратите самодовербата: Психолог открива кого да слушате!

Freepik

Постојат моменти во животот кога морате да бидете максимално смирени и сталожени – интервјуа, јавни говори, важни разговори…

А, за среќа, постојат и начини како да се смирите, ако сте возбудени.

Психолозите велат дека постојат неколку техники кои можат да ви помогнат:

Застанете како победник и стојте така две минути

Сигурно сте слушнале за психологот Ејми Кади која вели дека пред важните настани добро е пред огледало да застанете исправени со градите нанапред односно, да заземете силна позиција која несвесно ќе ви ја подигне самодовербата.

Оваа поза уште се нарекува и поза на суперхероите: Застанете исправени, рацете ставете ги ременот и дишете ритмички и динамично. Замислете се како олимписки шампион на подиум.

Експериментите потврдиле дека оваа поза навистина ви ја зголемува самодовербата и ве смирува.

Замислете се после многу години

Замислете си како поминале многу години, замислете си ја иднината и тогаш кога ќе добиете јасна визија за себе, ќе бидете поодлучни и поактивни.

Еден експеримент потврдил дека сликата за себе во иднина ви помага да добиете јасна цел во моментот.

Заблагодарете му се на животот

Уште една можност е да замислите хоризонт, а на него како изгрева сонце. Ова не само што ќе ви го намали стресот, туку ќе ви го подобри расположението и ќе ви донесе мир во главата.

Дополнително на тоа што ќе замислите природа, потребно е и да научите да бидете благодарни за работите кои ви се случуваат во моментот. Тоа ќе ви даде нова перспектива за животот и ќе ве направи полни со самодоверба.