Skip to main content

Еурофарм вечерва пред тежок европски дуел

Ракометарите на македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер вечерва имаат тешко гостување бидејќи ги очекува дуел со европскиот првак Магдебург. Бундеслигашот е фаворит во овој дуел особено што е и непоразен во групата Б.

–  Се надевам дека ќе можеме да бидеме уште подобри од мечот со Барселона, затоа што одигравме одлично. Не бевме перфектни, но бевме близу. Ако не сте компактни и безгрешни против тим како Магдебург, сигурно ќе имате многу проблеми. Ќе видиме кои играчи се најподготвени за настап, нема да ризикуваме со оние што не се 100% фит. Ќе дадеме максимум со кадарот што го имаме на располагање. Сите знаат каков стил негува ривалот, брз, со опасни контри и лесни голови. Ќе се обидеме да ја зграпчиме секоја прилика што ќе ни се пружи, изјави тренерот на Е.Пелистер Рубен Гарабаја.

Ова е натпревар од 6.коло, а почетокот на дуелот закажан за 20:45 часот.

Поврзани вести